Брамерц загубил важна документација

Вашингтон, 6 декември 2010 (МИА) - Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц загубил важна документација, која ја потврдува вмешаноста на Хезболах во убиството на либанскиот премиер Рафик Харири, јави американската телевизиска мрежа Си-Би-Ес.

Според телевизијата Брамерц документацијата ја загубил во времето додека ја извршувал функцијата шеф на меѓународниот истражувачки тим на Обединетите нации за убиството на Харири. Си-Би-Ес јавува дека е побарана истрага за активностите на Брамерц во случајот на Харири, бидеќи е откриено дека не било соодветно ниту неговото однесување кон сведоците, а би можел и кривично да одговара за смртта на полицискиот капетан Висам Еиду.

Според познатата американска новинарка со либанско потекло Рагида Дергам, Брамерц ја откриел вмешаноста на Хезболах во убиството на Харири, по што ги загубил доказните документи, откако ги доставил до либанскиот истражен полицаец Висам Еиду, кој по предавањето е убиен. Брамерц е подложен на критики и поради тоа што не наредил истрага за мобилната телефонска комуникација на осомничените по експлозијата на бомбата во 2005 година, во која загина Харири.

Целата приказна стигнала и до европските влади и Белата куќа, но сите молчат и чекаат прв да се огласи генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, кој му е претпоставен на главниот обвинител на Хашкиот трибунал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...