Кој го предизвика пожарот?

Тел Авив, 6 декември 2010 (МИА) - Едно 14-годишно момче од регионот на Кармел денеска призна дека фрлил дел од запален јаглен во шума и така предизвикал пожар кој се претвори во најголемата огнена стихија во историјата на Израел.

Полицијата изутринава го уапси момчето, кое призна дека пушел наргиле во шумата и подоцна фрлил жарче, кое ги зафатило лисјата и сувите гранки.

Тој изјавил дека бил зачуден поради тоа што се случило, по што се вратил во училиштето и никому не кажал што направил. Момчето утре ќе биде изведено пред суд во Хаифа, каде ќе му биде продолжен притворот.

Претходно денеска судот ослободи две момчиња, исто така тинејџери, кои биле осомничени дека го предизвикале катастрофалниот пожар. Тие биле уапсени во саботата, а живеат во селото Усуфија, во близина на планината Кармел. Нивниот татко изјави дека тие не се одговорни за предизвикувањето на пожарот, нагласувајќи дека огнот избил неколку километри подалеку од нивната семејна куќа.

Израелскиот полициски инспектор Давид Коен во саботата истакна дека пожарот избувнал од невнимание и дека не е подметнат. Во огнената стихија загинаа 42 лица, а повеќе од 5.000 хектари шумско земјиште се уништени.

Пожарот е изгаснат изутринава по 82 часа надчовечки напор на пожарникарите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...