Покренато обвинение против напаѓачот на конгресменката

Вашингтон, 10 јануари 2011 (МИА) - Американските власти покренаа обвинение против Џаред ЛИ Лафнер, осомничен оти убил шест лица и ја застрелал американската конгресменка Габриела Гифордс во Аризона.

Обвинението содржи пет точки вклучувајќи обид за убиство, а поднесено е до американскиот сојузен суд во Тусон.

Во обвинението стои дека иследниците во куќата на осомничениот пронашле документ со планови за убиство. Документот во кој го пишува презимето на конгресменката, со потпис на Лафнер, се наоѓал во еден коверт во сефот во куќата на Лафнер.

Лафнер (22) е притворен веднаш по нападот во близина на еден трговски центар, каде Глифордс, членка на Конгресот од Демократската партија, држела политички собир.

Во нападот се убиени главниот федерален судија на Аризона, едно деветгодишно девојче и уште четири лица.

Американскиот претседател Барак Обама го осуди нападот како „бесмислен и ужасен чин на насилство“, кој претставува „трагедија за целата земја“. 

Властите наведуваат дека точниот мотив на нападот, чија мета била конгресменката, која се бори за живот, засега е непознат, но шерифот на округот Пима Кларенс Дупник го опишува напаѓачот како ментално нестабилна личност.

Непознатиот маж, за кого властите претходно рекоа дека би можел да биде соучесник на Лафнер, вчера е ослободен од сомнението. Станува збор за таксист кој го довезол Лафнер до продавницата пред која се случило пукањето, а во таму влегол откако напаѓачот не му платил за возењето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...