Повеќе илјади демонстранти повторно се собраа во центарот на Каиро

Каиро, 29 јануари 2011 (МИА) - Неколку илјади демонстранти кои бараат оствка од египетскиот претседател Хосни Мубарак денеска повторно се собраа во центарот на Каиро, а полицијата стрелаше во близина на насобраниот народ.

Демонстрантите на плоштадот Тахрир (Ослободување), на петтиот ден од протестите, во кои загинаа 27 луѓе, скандираат „Оди си, оди си“ и „Мирно, мирно“ пред припадниците на египетската армија кои се распоредени низ градот.

Војската го обезбедува и Египетскиот музеј во Каиро, со цел да спречи кражби на антиквитетите.

Интернетот и телефонските врски вчера во цел Египет беа во прекин со цел да се спречи комуникацијата меѓу демонстрантите, а денеска делумно е воспоставена мрежата на мобилната телефонија во Каиро.

Според очевидци, египетската полиција стрелала врз демонстрантите, кои се насобрани во споредните улици кои водат кон централниот плоштад во Каиро.

Не е познато дали полицијата стрела од огнено оружје или со гумени куршуми.

Во меѓувреме, телевизијата Ал Џезира јави дека на улиците на египетскиот град Александрија има 20 тела.

Египетскиот претседател Хосни Мубарак во синоќешното интервју за државната телевизија побара од Владата да поднесе оставка.

Тој најави социјални, економски и политички реформи во Египет.

- Антиовладините протести се дел од заверата да се дестабилизира Египет и да се уништи легитимитетот на режимот, наведе Мубарак.

- Ситуацијата е во сигурни раце, во рацете на претседателот Хосни Мубарак и тој ќе дејствува, изјави доцна синоќа пртетседателот на Парламентот, Фати Сорур.

Тој истакна дека Парламентот утре ќе ја одржи редовната седница на која ќе биде повикан и премиерот Ахмед Назиф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...