Мубарак побара оставка од египетската Влада

Каиро, 29 јануари 2011 (МИА) - Египетскиот претседател Хосни Мубарак во синоќешното интервју за државната телевизија побара од Владата да поднесе оставка.

Тој најави социјални, економски и политички реформи во Египет.

- Антиовладините протести се дел од заверата да се дестабилизира Египет и да се уништи легитимитетот на режимот, наведе Мубарак.

Според лекарски извори во вчерашните протести во египетските градови Суец и во Каиро загинаа најмалку 18 луѓе, а повеќе од илјада се повредени.

- Ситуацијата е во сигурни раце, во рацете на претседателот Хосни Мубарак и тој ќе дејствува, изјави доцна синоќа пртетседателот на Парламентот, Фати Сорур.

Тој истакна дека Парламентот утре ќе ја одржи редовната седница на која ќе биде повикан и премиерот Ахмед Назиф.

Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама го повика египетскиот колега Мубарак да се воздржи од насилство кон демонстрантите и да преземе „конкретни чекори“ за зајакнување на правата во Египет.

- Сигурно претстојат тешки денови, но САД ќе продолжат да се залагаат за правата на египетскиот народ и да работаат заедно со египетската Влада за поправедна, послободна и иднина поисполнета со надеж, истакна Обама.

Пред обраќањето на Обама, портпаролот на Белата куќа, Роберт Гибс најави дека американската администрација, во зависност од одговорот на Мубарак на демонстрациите, би можела да ја укине годишната помош за Египет во висина од 1,5 милијарди долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...