Демонстрациите не може да траат уште долго

Каиро, 9 февруари 2011 (МИА) - Египетскиот потпретседател Омар Сулејман изјави дека властите „не можат да имаат трпение“ уште долго со протестите на плоштадот Тахрир во Каиро.

Во изјава за египетски медиуми по средба со главни уредници на медиумите, Сулејман изјави дека кризата треба да заврши што е можно побрзо.

- Нема да има промена на режимот, и неодложно повлекување на претседателот Хосни Мубарак, предупреди тој.

Сулејман додаде дека властите сакаат дијалог со демонстрантите за да се исполнат нивните барања за демократски реформи. Упати и предупредување: Не сакаме да употребиме полициски инструменти за да се разбереме со египетското општество.

Според него, алтернатива на дијалогот е „преврат што значи избрзани решенија како и многу нерационални акции. Не сакаме да стигнеме дотаму за да го заштитиме Египет“, изјави тој. 

На прашање да појасни, Сулејман рече дека нема предвид воен удар, туку според новинари, сакал да каже „дека силата која не е подготвена да управува може да ги заземе државните институции“. 

- Заради присуството на демонстранти на плоштадот Тахрир и на некои сателитски телевизии кои го понижуваат Египет, луѓето не се убедени дека треба да одат на работа, наведе Сулејман. Не можеме да го трпиме тоа долго време. Таа криза треба да заврши што е можно побрзо, нагласи тој. 

Сулејман предупреди дека повиците на демонстранти за кампања на граѓанска непослушност „се многу опасни за општеството и тоа нема да се дозволи“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...