Убиени и ранети во судирите во Египет

Каиро, 9 февруари 2011 (МИА) - Светските агенции јавуваат за повеќе загинати и повредени демонстранти во повеќе места низ Египет, во најновиот бран судири меѓу полицијата и нив, што почнаа од вчера, а денеска веќе се разгореа.

Еден демонстрант е убиен и неколкумина се ранети денеска во судирите меѓу силите за безбедност и околу 3.000 демонстранти во египетската провинција Вади ал Гадид, пренесоа британските медиуми.

Судирите почнале уште вчера и се уште траат.

Ова се веројатно првите судири меѓу полицијата и протестантите откако египетските полицајци се повлекоа од улиците, откако на 28 јануари тие ги нападнаа, изгазија и гаѓаа со гумени куршуми демонстрантите.

Ова се првите антивладини протести воопшто во провинцијата Вади ал Гадид, разместена на околу 500 километри јужно од Каиро, посочуваат агенциите.

На плоштадот „"Тахрир“ во главниот град денеска повторно се собраа илјадници луѓе, кои и натаму инсистираат на оставка на претседателот Хосни Мубарак. Армиски единици и тенкови се разместени околу плоштадот.

Стотици демонтстранти излегоа по улиците на градовите Ариш и Шејх Звејд во северен Синај, каде во последните две недели имаше масовни протести. Агенциите дополнуваат дека неколку стотини лица ја нападнаа зградата на градската администрација во Порт Саид и ја запалиле. Гневот на луѓето е предизвикан од веста дека 3.000 поплаки на граѓани за подобрување на нивните станбени услови биле фрлени на ѓубриште.

Според агенциите, во судирите во провинцијата Вади ал Гадид од вчера досега над 60 лица се повредени.

Француските медиуми соопштуваат за тројца убиени и 100 повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Ел Харго, во јужен Египет, на 400 километри јужно од Каиро.

Силите на редот гаѓале врз демонстрантите со боева муниција, а тројца од нив починале од здобиените повреди. Како одговор на убиствата, толпата запалила седум административни згради.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...