Ен-Би-Си: Мубарак вечерва ќе поднесе оставка

Каиро/Вашингтон, 10 февруари 2011 (МИА) - Египетскиот претседател Хосни Мубарак ќе се повлече вечерва од функцијата, јави американската телевизија Ен-Би-Си, повикувајќи се на два независни извори.

Шефот на ЦИА Лион Панета изјави пред Конгресот дека информациите со кои располага американското разузнавање покажуваат дека египетскиот претседател Хосни Мубарак е на пат да се повлече.

Панета не прецизираше на какви докази точно се засновани заклучоците на ЦИА.

Според него повлекувањето на Мубарак ќе има важна улога во мирната транзиција во Египет.

- Постои голема веројатност Мубарак да се повлече уште вечерва, изјави Панета.

Египетската телевизија во меѓувреме соопшти дека Мубарак вечерва ќе и се обрати на нацијата од претседателската палата во Каиро.

Премиерот на Египет Ахмед Шафик претходно за Би-Би-Си изјави дека Мубарак наскоро би можел да се повлече од функцијата, додавајќи дека состојбата во земјата наскоро ќе стане целосно јасна.

Сличен став изнесе и генералниот секретар на египетската владејачка Национална демократска партија, Посам Бадрави кој рече дека е можно Мубарак утре да „одговори на барањата на народот“.

Си-Ен-Ен од друга страна, без да го посочи изворот на информацијата, јави дека Мубарак веќе се повлекол од должноста врховен комнандант на египетските вооружени сили.

Kако што јави телевизијата Ал Арабија, Мубарак, заедно со началникот на Генералштабот на армијата, заминал за летувалиштето Шарм ел Шејк на Црвеното Море.

Ал Арабија не даде повеќе детали за патувањето и засега нема потврда на оваа информација, заележаа агенциите.

Премиерот Ахмед Шафик за државната телевизија изјави дека Мубарак уште е на власт и дека не е донесена одлука што би ја променила оваа состојба.

- Тој е на својата функција. Претседателот не не информира за никакви свои одлуки. Се е нормално. Се е се уште во рацете на претседателот, рече Шафик, запрашан дали Мубарак се повлече.

- Врховниот командант (Мубарак) е информиран за се што се случува во Високиот воен совет, рече премиерот. „Советот беше свикан на заседание под претседателство на министерот за одбрана Мохамед Хусеин Тантави и ќе продолжи да заседава“, рече Шафик.

По состанокот на Високиот совет на вооружените сили портпаролот даде изјава за државната телевизија, која се толкува како притисок врз претседателот Хосни Мубарак да стави крај на 30-годишното владеење.

Со седницата претседаваше министерот за одбрана Мохамед Тантави, а Мубарак не присустуваше на него.

- Советот одлучи да продолжи да заседава, да ги разгледа мерките, кои можат да бидат преземени за заштита на нацијата и на стремежите на народот, се вели во декларацијата на Советот.

Според очевидец висок египетски воен функционер на демонстрантите на плоштадот „Тахрир“ им кажал дека се што сакаат ќе се случи. Тој ги повикал демонстрантите да ја испеат химната и да го чуваат Египет. Демонстрантите на неговите зборови реагирале извикувајќи: „Народот настојува за пад на режимот“ и „Режимот падна“.

Повеќе од илјада нови демонстранти се придружија денеска на протестите против претседателот Хосни Мубарак и покрај заканите на Владата дека ќе ги растури.

Протестите сега се одржуваат на две места во Каиро - пред зградата на Парламентот и на веќе познатиот плоштад Тахрир под будните погледи на припадниците на војската.

Египетскиот потпретседател индиректно се заканува дека ќе ја употреби војската додека демонстрантите го блокираа Парламентот и ги засилија протестите на плоштадот Тахрир.

- Не Сулејман. Не на американските агенти. Не на израелските шпиони. Да живее Египет. Долу Хосни Мубарак, се слоганите кои демонстрантите ги извикуваа пред Парламентот.

Војниците се распоредени пред зградата на Парламентот за да ја заштитат, но не се обидоа да ги растурат протестите што сепак ги зачуди бројните активисти навикнати на силната тактика на автократскиот режим на Мубарак.

Немирите вчера се проширија на оазата Карга, каде загинаа најмалку пет лица, а сто се ранети кога безбедносните сили пукаа на демонстрантите, рече полициски претставник.

Околу 3.000 демонстранти упаднаа во Порт Саида во владина зграда и го запалиле мебелот и автомобилот на гувернерот.

Забележани се и други протести ширум земјата, како и штрајкови во неколку фирми.

Египетскиот министер за надворешни работи, Ахмед Абул Гејт предупреди синоќа дека војската која досега била неутрална ќе интервенира доколку дојде до ескалација на протестите против Мубарак.

- Ако дојде до хаос, вооружените сили ќе интервенираат за да ја контролираат земјата што претставува чекор кој би водел како многу опасна ситуација, изјави Абул Гејт.

Тој ги критикуваше и САД дека сакаат да наметна своја волја барајќи итни реформи. Набрзо после овие критики Вашингтон повторно ја повика египетската војска да покаже воздржаност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...