Тензијата во Каиро се зголеми по обраќањето на Мубарак

Каиро, 11 февруари 2011 (МИА) - Политичката тензија во Каиро драстично се зголеми по телевизиското обраќање на египетскиот претседател Хосни Мубарак пред нацијата.

Опозицијата, гневна од фактот дека и покрај очекувањата Мубарак не поднесе оставка, денеска по петочната молитва повика на масовни протести, тврдејќи дека шефот на државата сепак ќе треба да ги исполни нивните барања.

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се зголемува бројот на повици за организирање демонстрации пред претседателската резиденција. Околу 2.000 лица уште во текот на ноќта тргнаа кон силно обезбедуваната претседателска резиденција „Ел Уруба“, од каде Мубарак и се обрати на нацијата.

Повикувајќи се на очевидци, западните медиуми објавија дека илјадници демонстранти тргнале кон зградата на државната телевизија и радио во близина на плоштадот „Тахрир“.

Доцна синоќа Мубарак истакна дека му ги доверува овластувањата на потпретседателот Омар Сулејман, но дека сепак останува на лидерската позиција се до одржувањето на претседателските избори во септември. Двосмисленоста на оваа состојба предизвика збунетост ширум светот. Европските земји и САД, кои очекуваа Мубарак да соопшти дека се повлекува, не успеаја дури ниту веднаш да реагираат со коментар. 

Одлуката на Мубарак значи дека за време на овие неколку месеци Сулејман ќе го претставува Египет на светската сцена и ќе ја реализира внатрешната политика, а претседателот ќе остане гарант на Уставот, кој не му дозволува на потпретседателот, што ќе ја извршува претседателската функција, да ги распушти Парламентот и Владата, ниту пак да врши измени во највисокиот закон во државата.

Во синоќешниот говор Мубарак потврди дека нема да се кандидира за нов претседателски мандат, признавајќи дека неговата Влада има пропусти и дека барањата на демонстрантите се легитимни, изразувајќи жалење за жртвите во протестите.

- Никогаш не сум потклекнал на надворешна диктатура, туку секогаш сум внимавал на мирот и сум работел за Египет и неговата стабилност. Никогаш не сум се стремел кон власта, изјави Мубарак, кој побара да биде погребан во Египет по неговата смрт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...