Демонстрантите го напуштија плоштадот „Тахрир“

Каиро, 14 февруари 2011 (МИА) - Илјадници демонстранти го напуштија плоштадот „Тахрир“ во центарот на Каиро, откако новите воени власти на Египет соопштија дека го распуштаат Парламентот и го суспендираат Уставот.

Високиот воен совет, кој ја презеде власта по повлекувањето на претседателот Хосни Мубарак, кој 30 години ја извршуваше функцијата, нагласи дека ќе остане на чело на државата во период од шест месец или додека да бидат спроведени парламентарните избори.

Овие одлуки беа поздравени од голем дел од демонстрантите, кои постепено го напуштаа плоштадот „Тахрир“, кој стана симбол на борбата против режимот на Мубарак.

Властите за денеска го прогласија неработен ден за банките со цел да се нормализира нивното функционирање, откако беше оневозможено работењето на главните државни банки.

Се очекува Високиот воен совет денеска да ги забрани штрајковите и да ги повика Египќаните да се вратат на работа.

Синовите на Мубарак, пак, речиси стигнале до тепачка во четвртокот кога нивниот татко го изнесе последното обраќање до нацијата во обид да ја задржи власта, пишува весникот „Ал Ахбар“.

Според весникот, кој е во државна сопственост, Ала Мубарак го обвинил својот помал брат Гамал дека го расипал владеењето на неговиот татко во последниот период, со тоа што вметнал свои бизнис пријатели во политичкиот живот.

- Наместо твојот татко да биде почитуван до крајот на неговиот живот ти помогна да се уништи неговиот имиџ, изјавил Ала.

Голем број Египќани сметаа дека Мубарак го подготвува својот син Гамал да го наследи на функцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...