Шест обезглавени тела пред полициска станица

Мексико Сити, 18 февруари 2011 (МИА) - Пред полициска станица во сојузната држава Веракруз во источниот дел на Мексико пронајдени се шест обезглавени тела, додека во северниот пограничен град Суидад Хуарес се пронајдени телата на 11-годишно момче и неговиот татко.

Телата на обезглавените лица се уште не се идентификувани.

Државата Веракруз се граничи со сојузната држава Тамаулипас, една од мексиканските сојузни држави во која се случуваат најкрвавите престрелки меѓу нарко картелите.

Претходно, мексиканските власти уапсија три лица поради сомневање дека во текот на минатиот и овој месец учествувале во три престрелки во предградие на Мексико Сити во кои се убиени 20 лица, а еден од нив се смета за припадник на картелот „Ла Фамилиа“.

Овој картел се обидува од својот центар во западната држава Мичоакан да се прошири во Мексико Сити, кој досега во голема мера беше поштеден од насилството предизвикано од нарко бандите.

Повеќе од 34.600 лица се убиени во насилствата поврзани со шверцот на дрога во Мексико од 2006 година кога владата на претседателот Фелипе Калдерон започна пресметка со нарко бандите во која се ангажирани неколку илјади припадници на војската и полицијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...