Офанзива на силите на Гадафи

Триполи, 14 март 2011 (МИА) - Офанзивата на силите на либискиот лидер Моамер Гадафи ги протера бунтовниците во Аџадаби, град со околу 130 илјади жители, околу кој се води пресудната битка за иднината на Либија.

Бунтовниците го распоредуваат вооружувањето очекувајќи го доаѓањето на армијата на Гадафи.

Либиската државна телевизија јави дека силите на Гадафи напредуваат кон источниот дел на земјата. Либиските бунтовници изминатите денови претрпеа серија порази, откако претходно го контролираа источниот дел на земјата и напредуваа кон Триполи.

- Либиските сили продолжуваат да ја чистат земјата од бутовниците изјави портпаролот на војската, полковникот Милад Хусеин.

Бунтовниците, кои се помалубројни и послабо вооружени од силите на Гадафи, изминатите неколку дена беа протерани од неколку клучни градови долж брегот на Средоземното Море во вооружените акции со војската. И натаму под нивна контрола е градот Мисрау, трет по големина во Либија, кој се наоѓа меѓу Триполи и родниот град на Гадафи, Сирт.

Во Завија, 40 километри, западно од Триполи, уапсен е поголем број исламистички терористи, меѓу кои и Мухамед Хамади, еден од лидерите на Муслиманското братство во Мавританија, соопштија претставници на војската.

- Завија е ослободен, Рас Лануф е ослободен, Угалаја и Бишр се ослободени. Брега, нафтоводот, кој беше цел на саботажа е ослободен, Ас Сидр, исто така нафтоводот и рафинеријата, кои се наоѓаат покрај Рас Лануф се ослободени. Народните вооружени сили напредуваат во ослободувањето на остатокот од земјата, бидејќи мажите, жените и децата сакаат да бидат спасени. Тие не излегуваат од своите куќи речиси еден месец и им се заканува опасност секој момент да бидат убиени, изјави Милад Ал Факхи, портпарол на либиското Министерство за одбрана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...