Бутовниците ја „губат битката“

Рим, 15 март 2011 (МИА) - Либискиот лидер Моамер Гадафи изјави дека бунтовниците „ја губат битката“ и дека либискиот народ стои зад него, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на неговото интервју за италијанскиот весник „Џорнале“.

-За бунтовниците нема никаква надеж, нивната кауза е загубена, истакна Гадафи во интервјуто, земено од специјален известувач на весникот.

Тој не одговори прецизно на прашањето колку време ќе им биде потребно на неговите лојални војници да ја повратат контролата врз источна Либија.

-Бунтовниците имаат две можности - да се предадат или да бегаат, тврди Гадафи.

Според него, во источните региони на Либија „терористите како жив штит го користат цивилното население, а меѓу нив и жените“.

На прашањето дали има ризик од крвави борби во големите градови, кои сега се под контрола на бунтовниците, полковникот истакна- „ние треба да се бориме со терористите. Имено, затоа сега напредуваме брзо, за да ги избегнеме крвавите судири... Ако се предадат, ние нема да ги убиеме. На војската и е наредено да се движи на исток и да ги обиколи“.

Гадафи исклучува секаква можност за преговори со бунтовниците.

-Со кого да преговарам? Нема да преговараме со терористи, поврзани со Осама бин Ладен. Тие, исто така, не сакаат дијалог - не мислат за ништо друго освен да убиваат, да убиваат и да убиваат, изјави Гадафи.

Тој вели дека „меѓународната заедница нема претстава што се случува во Либија. Народот е со мене. Останатото не е ништо друго освен пропаганда... Жителите на Бенгази се во страв од грст луѓе. Тие се обратија кон нас со молба да ги спасиме од овие вооружени банди“.

Гадафи истакна дека бил шокиран од позицијата на Италија.

-Се почувствував предаден, истакна тој и изјави дека „веќе нема да поддржува никакви контакти ниту со Италија, ниту со Берлускони“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...