Изутринава започна нов воздушен напад на Либија

Триполи, 21 март 2011 (МИА) - Западните сили изутринава започнаа втор бран воздушни удари на Либија со цел да ја нападнат противвоздушната одбрана и да ги оневозможат либиските авиони да патролираат по небото, како и да го спречат напредувањето на силите лојални на либискиот лидер Моамер Гадафи кон градот Бенгази. 

Авионите на САД, Велика Британија, Франција, Италија и Канада извршија бомбардирање со образложение дека акцијата продолжува и дека се отфрла прекинот на огнот кој либиската војска го објави доцна синоќа.

Западните медиуми објавија дека надвор од Бенгази се уште се забележуваат трупите на силите на Гадафи. Јагленисани тела, најмалку на 14 војници, лежат расфрлени по пустината и постои стравување дека преживеаните ќе се обидат да влезат во градот и да побараат засолниште од воздушните напади меѓу цивилното население.

Истовремено, во централниот дел на Бенгази, во источна Либија, има спорадични експлозии, а престрелки се слушаа синоќа на улиците во траење од околу 40 минути. Во тек е и офанзива на бунтовниците во градот Ал Завитина, јужно од Бенгази.

На запад, во градот Мисрата навлегоа тенковите на силите на Гадафи, бидејќи е погодена воена база во нападите на западните сили во саботата.

- Се водат борби меѓу бунтовниците и силите на Гадафи. Нивните тенкови се наоѓаат во центарот на Мисрата. Има толку многу жртви и не можеме да ги преброиме, потврди портпарол на бунтовниците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...