Коалицијата бомбардира, Гадафи го нападна Зинтан

Бенгази, 22 март 2011 (МИА) - Силите на меѓународната коалиција синоќа ги уништија радарските инсталации во две военовоздухопловни бази на силите на Моамер Гадафи во источна Либија, јави телевизијата „Ал Џазира“.

Според телевизијата, базите се распоредени источно од упориштето на бунтовниците Бенгази.

Трета ноќ по ред во престолнината Триполи се слушаат експлозии, кои либиската државна телевизија ги нарече дело на „непријателите крстоносци“.

Објект на воздушни напади повторно станала резиденцијата на Гадафи во квартот Баб ел Азизија. Нема информации за жртви и материјални штети. Освен тоа сојузничките сили нанеле удар врз военопоморска база на десет километри источно од Триполи, каде според очевидци избувнал пожар.

И покрај воздушните напади во Триполи изминатата ноќ се одржа масовен митинг за поддршка на режимот на Моамер Гадафи, соопштија украински лекари од либиската престолнина.

Во меѓувреме, силите на либискиот лидер Моамер Гадафи го нападнаа градот Зинтан на западот на Либија, поради што жителите мораа да побегнат во планинскиот регион, а жртви имало на двете страни, тврдат очевидци.

Еден од жителите на градот изјавил за западни медиуми дека се испратени нови сили и дека сега во подножјето на планината близу градот има најмалку 40 тенкови, а дека во нападите се урнати неколку куќи и џамии.

Според него, антивладините сили успеале да ги задржат силите на Гадафи да не влезат во градот, кој се наоѓа на 140 километри југозападно од Триполи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...