Американски воен авион се урна во Либија

Лондон, 22 март 2011 (МИА) - Еден американски воена авион, од типот Ф-15Е-Игл, се урнал во Либија, за време на синоќешните, трети по ред бомбардирања и ракетирања на цели на либиската територија, јавија лондонските телевизиски станици.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, авионот учествувал во синоќешното напаѓање на Либија и се верува дека имал проблеми со моторот. Пилотот со помош на падобран се спуштил на земјата и се тврди дека е на територијата што е под контрола на вооружените либиски бунтовници.

Засега нема официјална потврда за паѓањето на еден авион од антигадафи коалицијата.

За време на вчерашната дебата во британскиот Парламент неколкумина пратеници го прашаа премиерот Дејвид Камерон, што ќе се случи ако некој од британските пилоти се урнат, или бидат соборени на либиска територија, како и дали тоа ќе биде повод за истоварување и на британските трупи, за да се ослободи пилотот. Камерон не одговори на тие прашања, инсистирајќи дека мисијата се одвива во рамките на овластувањата од ОН.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...