Вашингтон, 23 март 2011 (МИА) - Либискиот лидер Моамер Гадафи и неговите сојузници можеби бараат начин за заминување од земјата иако се уште не е јасно дали полковникот сериозно мисли да се повлече, изјави американскиот државен секретар Хилари Клинтон.
- Дел од тоа е театар. Има луѓе кои тврдат дека зборуваат од името на Гадафи, разгледувајќи различни можности. Но, голем дел едноставно е карактеристично за неговото однесување. Тоа не може да се предвиди, посочи Клинтон.
Таа додаде дека голема е веројатноста Гадафи и да размислува и каде да побара азил.