Гадафи го чуваат 40 девици вооружени со „калашникови“

Лондон, 23 март 2011 (МИА) - Либискиот лидер Моамер Гадафи за време на синоќешниот ракетен напад врз Триполи од страна на меѓународната коалиција бил скриен во „таен бункер, изграден во либиската пустина и опкружен со 40 девици“ кои се грижат за неговата лична безбедност, тврди лондонскиот таблоид „Дејли Стар“.

Весникот, како што јави дописникот на МИА од Лондон, тврди дека младите девојки, наводно, морале да бидат девици и не смееле да имаат врска со ниту еден маж, затоа што му се заколнале на верност и лојалност „се до смртта“ на либискиот претседател. Тие носат оружје со себе, како да е моден детал или накит, не одвојувајќи се од него ниту за момент.

Повикувајќи се на извори од опкружувањето на Гадафи меѓу воените функционери, лондонскиот весник ги опишува девојките како „убавици, нашминкани и средени млади жени, налик на сите други на нивна возраст, но за разлика од нивните врснички тие се вооружени до заби и обучени за борба гради во гради“.

Според „Дејли Стар“, оваа специјална единица за обезбедување била создадена како доказ дека „жените во Либија се слободни и рамноправни со мажите“. Сите 40 девојки се деноноќно околу Гадафи, подготвени да се жртвуваат за него.

Приказните дека Гадафи го чуваат жени-специјалци не се нови и потекнуваат уште од пред повеќе од 20 години, кога либискиот лидер знаеше да замине на некое патување во странство, носејќи со себе телохранители и обучени млади жени.

Весникот пишува дека од истите извори бил информиран за „плановите на Гадафи да побегне од земјата“ и да се пресели во Зимбабве, а криењето во „тајниот бункер“ било само дел од еден таков план.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...