Пукотници во Триполи, бунтовниците го вратија пристаништето Мисрата

Триполи, 25 март 2011 (МИА) - Во Триполи синоќа се слушнале пукотници, а либиската државна телевизија јави дека „западните авиони“ гаѓаат станбени квартови и воени зони.

Бунтовници во Мисрата соопштија дека синоќа го вратиле пристаништето и убиле 30 снајперисти на силите лојални на лидерот Моамер Гадафи.

Портпаролот на бунтовниците Абдуласет Абу Мзереик потврди дека бунтовниците ја повратиле контролата врз пристаништето Мисрата, откако ден претходно го освоија силите на Гадафи, со што беше блокирано снабдувањето со храна и лекови и оневозможено илјадници африкански мигранти да ја напуштат земјата со бродови.  

Абу Мзереик наведе дека бунтовниците ги минирале зградите кои ги користеле снајперистите.

- Денеска имаше судири и нашите борци успеале да пронајдат начин да стигнат до снајперистите на покривите и убија 30 од нив, потврди Абу Мзереик синоќа.

Жителите тврдат дека иако воздушните напади на коалициските сили на воените мети на Гадафи во тој град траат веќе неколку дена, тие напади не успеале да ги запрат бомбардирањата кои ги извршуваат силите на Гадафи, како ниту неговите снајперисти и оти во судирите загинале повеќе десетици лица, додека над стотици се повредени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...