Во прв план е заштита на цивилите, а не соборување на Гадафи

Вашингтон, 26 март 2011 (МИА) - Американскиот претседател Барак Обама им потврди на конгресмените дека американските воени сили во Либија не тежнеат кон соборување на Моамер Гадафи од власт, туку сакаат да ги заштитат цивилите.

Белата куќа истовремено најави дека Обама, во врска со мисијата во Либија, ќе и се обрати на нацијата в понеделник.

Претседателот на САД вчера, по забелешката дека за операцијата во Либија не го консултирал соодветно Конгресот, одржа едночасовен конференциски разговор од Белата куќа со лидерите на Демократската и Републиканската партија.

Тој на конгресмените им зборувал околу плановите за префрлање на воената команда на НАТО и напредокот кој досега е постигнат во операцијата, соопшти Белата куќа.

Претседателот на претставничкиот дом, републиканецот Џон Бејнер, за време на разговорите истакна дека администрацијата на Обама мора да обезбеди транспарентност кога станува збор за американските воени цели во Либија, улогата на САД во акцијата и да одговори на кој начин е таа согласно целите на американската политика.

Голем број функционери од Демократската партија на Обама се против вклучувањето на САД во трета војна во муслиманскиот свет, по ангажирањето на земјата во Авганистан и Ирак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...