Синовите на Гадафи го предаваат?

Вашингтон, 4 април 2011 (МИА) - Најмалку двајца од синовите на либискиот лидер Моамер Гадафи предлагаат транзиција кон демократски систем, со која се предвидува нивниот татко да се повлече од власта, пишува американскиот весник „Њујорк тајмс“.

Повикувајќи се на анонимен дипломатски извор и на либиски претставник, кои се запознати со планот, весникот наведува дека транзицијата ќе биде предводена од Сеиф ал Ислам Гадафи.

Предлогот фрла ново светло врз внатрешната динамика во семејството на Гадафи во време кога полковникот многу смета на седумте синови. Лишен од еден од најдоверливите луѓе поради бегството на Муса Куса и изолиран со децении поради обиди за преврат и внатрешни раздори, тој гледа на синовите како на блиски советници и воени команданти, појаснува „Њујорк тајмс“.

Но спорниот мировен план ги истакнува и разликите меѓу синовите на Гадафи - додека Сеиф и Саади се наклонети кон западниот стил на економско и политичко отворање, другите двајца - Хамис и Мутуасим, се порадикални.

Хамис раководи милиција, која се занимава со потиснување на внатрешни нереди. Мутуасим, кој е советник за национална безбедност, се смета за конкурент на Сеиф да ја наследи власта од татко си. Додека Саади - фудбалер, војник и бизнисмен, цврсто го поддржувал планот.

Сеиф и Саади „сакаат да ја продолжат промената на земјата“, без татко си, рекол вчера за „Њујорк тајмс“ нивни близок, кој побарал анонимност поради страв од репресии.

Но дипломат, запознаен со мировниот план, тврди дека дискусиите за него се во првична фаза, истакнува „Њујорк тајмс“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...