Вашингтон, 5 април 2011 (МИА) - САД ги повлекоа воените авиони од учеството во меѓународната операција во Либија, соопшти Пентагон.
САД првенствено треба да ги повлечат авионите за време на викендот, откако командата ја предадоа на НАТО во четвртокот. Но, во неделата се согласија со барањето на Северноатлантската алијанса да ги продолжат воздушните напади во Либија до понеделник, поради лошите временски услови.
Американската воена авијација ќе биде во состојба на готовност во случај ако и е потребна помош на Алијансата.
Авионите на САД извршија најмалку два воздушни напади во Либија, но не истрелаа ниту една ракета во првата половина на вчерашниот ден.