Раздор помеѓу синовите на Гадафи

Лондон, 5 април 2011 (МИА) - Синовите на либискиот лидер Моамер Гадафи меѓусебно се спротивставија околу прашањето за изнаоѓање излез од либиската криза, пишува весникот „Дејли телеграф“.

Сеиф ал Ислам предлагал да дејствува како привремен лидер на земјата, кој ќе го набљудува преминот кон демократски систем. Оваа идеја ја поддржувал и Саади, кој имал влијание во либиската армија.

Синовите на Гадафи

Противници на идејата, меѓутоа, биле другите двајца синови на Гадафи - Мутасим, кој е советник за национална безбедност, и Хамис, кој е командант на елитните единици на Либија.

На чело на двата спротивени табори всушност се Сеиф ал Ислам и Мутасим, меѓу кои непријателството трае речиси десет години. Мутасим ја користел доскорешната популарност на Сеиф ал Ислам на Запад.

Истовремено, неименувани претставници на алжирското разузнавање предупредија дека северноафриканското крило на Ал Каеда - Ал Каеда во исламскиот Магреб, се снабди со оружје, разграбено од либиските арсенали, пишува весникот „Дејли телеграф“.

Бомбардирањата на Либија им овозможија на терористичките групи да добијат слободен пристап до некои од арсеналите на полковникот Гадафи, тврдат алжирски разузнавачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...