Радијацијата од „Фукушима 1“ може да ја надмине Чернобил

Токио, 12 април 2011 (МИА) - Количеството на испуштената радијација од јапонската нуклеарна централа „Фукушима 1“ може да го надмине обемот од нуклеарната хаварија во Чернобил во 1986 година, изјави денеска претставник на компанијата оператор на нуклеарката ТЕПКО.

- Истекувањето на радијацијата не е целосно запрено. Нашата загриженост е дека таа може да ја надмине радијацијата од Чернобил, изјави претставникот на ТЕПКО.

Јапонија денеска го зголеми степенот на нуклеарната катастрофа во „Фукушима 1“ на максималниот седми степен според Меѓународната скала за нуклеарни инциденти. Седми степен, според досегашните оценки, имала само нуклеарната хаварија во Чернобил.

Досега нуклеарната криза во „Фукушима 1“ беше определена на петти степен од седумстепената Меѓународна скала за нуклеарни инциденти.

- Ова е прелиминарна оценка, која подлежи на потврда од Меѓународната агенција за атомска енергија, изјави претставник од јапонската Агенција за нуклеарна и индустриска безбедност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...