Ситуацијата во „Фукушима 1“ постепено се стабилизира

Токио, 12 април 2011 (МИА) - Јапонскиот премиер Наото Кан изјави дека ситуацијата во оштетената нуклеарна централа „Фукушима 1“ се стабилизира постепено и дека истекувањето на радијација се намалува.

- Постепено реакторите на централата се движат кон стабилизирање. Нивото на радиоактивно истекување во моментот се намалува, изјави Кан во Токио.

Ваквите коментари присутните ги оценија како противречни со одлуката на јапонската Влада денеска да го зголеми степенот на нуклеарната катастрофа во „Фукушима 1“ на максималниот седми степен според Меѓународната скала за нуклеарни инциденти.

Кан на тоа одговори дека одлуката на властите се заснова на мерењата на степенот на радиоактивните истекувања кои во некои случаи биле доста големи.

Кан изрази уверување дека Јапонија ќе ги сподели искуствата во врска со хаваријата во „Фукушима 1“ и справувањето со кризата со останатиот свет, со цел да се надминат сличните инциденти.

- Создадовме многу проблеми на светот и треба да го објасниме детално нашето искуство, истакна Кан.

Наото Кан им се извини на јапонските фармери и риболовци кои се погодени од радијацијата во „Фукушима 1“. - Изразувам најдлабоко извинување за запирањето на продажбата на нивните продукти, изјави премиерот чиј рејтинг е на рекордно ниско ниво.

Неколку видови на зеленчук, како и свежо млеко произведени во префектурите во регионот на централата се забранети за продажба поради зголеменото ниво на радијација. Наото Кан истакна дека здравјето на луѓето е основен фактор од кој се раководи Владата при донесувањето на одлуките.

Кан ги повика Јапонците да се вратат кон нормалниот начин на живот и да консумираат продукти од регионите погодени од природната катастрофа на 11 март.

- Имаме предлог кон вас, да се вратиме кон нормалниот начин на живот, да запре воздржувањето, а истовремено да продолжиме да изразуваме сочувство кон луѓето погодени од катастрофата. Мислам дека потрошувачката на продукти од регионите погодени од природната катастрофа е начин да се помогне и на погодените луѓе. Нека се користат овие производи и на тој начин да ги поддржиме овие региони со ентузијазам, заклучи Кан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...