Јапонија повторно погодена од земјотрес

Токио, 13 април 2011 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска североисточниот дел на Јапонија, а потресот е почувствуван и во Токио, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот на земјотресот бил во префектурата Фукушима.

Операторот на нуклеарната централа „Фукушима Даичи“ во тој дел на Јапонија, компанијата Токиско Електростопанство (ТЕПКО) соопшти денеска дека работниците не се евакуирани и оти работата во нуклеарниот комплекс продолжува нормално без разлика на земјотресот.

Иако земјотресот погодил област во близина на нуклеарката, работниците и натаму ја отстрануваат високо радиоактивната вода од објектот и го ладат базенот со истрошено нуклеарно гориво во централата, која претрпе големи оштетувања во разорниот земјотрес и цунамито, кои ја погодија Јапонија на 11 март.

ТЕПКО прецизираше дека се испумпува мошне загадената вода од подземните тунели, слични на ровови, во околното складиште внатре зградата на вториот реактор. Работата е почната синоќа и се проценува дека околу 200 тони загадена вода е префрлена во „кондензаторот“, каде пареата од реакторот се претвора во вода. ТЕПКО има цел до утре да префрли вкупно 700 тони радиоактивна вода од вториот реактор.

Според најновите податоци на јапонската полиција во катастрофалниот земјотрес и цунамито загинале 13.333 лица, а 15.150 се водат како исчезнати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...