Прво пресметка со терористите, па реформи

Вашингтон, 18 арил 2011 (МИА) - Синот на либискиот лидер Саиф ал Ислам Гадафи изјави во интервју за „Вашингтон пост“ дека за реформи во Либија може да стане збор дури откако ќе се заврши пресметката со терористите.

Тој рече дека САД, наместо што ја напаѓаат Либија, треба да и помогнат во борбата против Ал каеда, а кога терористите ќе бидат прогонети од Бенгази и Мисрата, ќе дојде време за разговори за национално помирување и демократија, под нов устав кој улогата на Моамер Гадафи ќе ја сведе на симболична.

- Најголем проблем се терористите и вооружената милиција. Кога еднаш ќе се ослободиме од нив, се ќе биде решено, рече Саиф Гадафи.

„Вашингтон пост“ констатира дека интервјуто ги илустрира несогласувањата на семејството Гадафи и бескомпромисноста на власта во Либија.

Говорејќи на течен англиски јазик и без советници, Саиф Гадафи вели дека противниците на неговиот татко се брутални терористи и гангстери, кои ги предводи Ал каеда, а која наскоро ќе се распадне поради внатрешни поделби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...