Парите на Гадафи за хуманитарна помош на Либија

Берлин, 18 април 2011 (МИА) - Германската Влада ја разгледува можноста да префрли шест милијарди долари во замрзнати сметки на режимот на Моамер Гадафи во доверлива сметка на ОН, која ќе биде искористена за укажување хуманитарна помош во Либија, објави списанието „Шпигел“.

- ОН би можела да ги искористи тие средства, за да набави хуманитарна помош и да ги олесни страдањата на населението во цела Либија, предложил министерот за економија Рајнер Брудерле во документ, цитиран од Шпигел.

Министерот посочува дека одделни земји, кои замрзнале средства на либискиот режим, немаат законско право да ги доставуваат тие средства преку Либијците. Затоа Брудерле ја повикува и ЕУ да најде начин сите замрзнати средства на Гадафи во Европа да бидат префрлени на ОН.

Портпаролот на германското Министерство за економија ја потврди информацијата на „Шпигел“.

Минатата седмица министерот за планирање и финансии на Либија Абдулхафид Злитни изјави на прес-конференција дека во странски банки се замрзнати 120 милијарди либиски средства.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...