Триполи, 20 април 2011 (МИА) - Синот на либискиот лидер Моамер Гадафи, Сеиф ал Ислам синоќа изјави дека е оптимист и дека режимот ќе се справи со бунтот, кој ја потресува земјата веќе два месеца.
- Јас сум премногу оптимист, ние ќе победиме. Ситуацијата секој ден се менува во наша корист, истакна Сеиф ал Ислам во телевизиско интервју.
Тој додаде дека режимот не сака да им се одмазди на бунтовниците, но предупреди дека „на секое користење на сила ќе биде одговорено со сила“.