Кој е следниот лидер на Ал Каеда?

Бејрут, 6 мај 2011 (МИА) - Либискиот муџахедин, Абу Јахја ал Либи ќе го замени Осама бин Ладен на чело на терористичката организација Ал Каеда, јави телевизијата Ал Арабија. 

Ал Либи на јавноста и стана познат на 10 јули 2005 година, откако избега од американски воен затвор покрај воздушната база Баграм во близина на Кабул. Либиецот беше приведен во Пакистан во 2002 година. 

Според Ал Арабија 40 годишниот Ал Либи има предност во однос на Египќанецот Ајман ал Завахири, кој ФБИ веќе го има ставено на листата на најбарани терористи на местото на Бин Ладен.

Формално Ал Либи беше одговорен за пропагандниот оддел во раководството на Ал Каеда и беше на третата позиција во хиерархијата на мрежата. Според извори од исламистичките кругови сепак изминатите години харизматичниот командир станал вистинска инспирација на движењето.

Тој, според истите извори, е познат по своето херојство на бојното поле, но и како добар познавач на исламот, откако завршил медреса во Мавританија.

Тој добил награди како автор на проза и поезија напишани во чест на „делото на Бин Ладен“.

По почетокот на воената операција на НАТО во Либија, Абу Јахја бил меѓу првите кои ги повикувал своите сонародници кон вооружен отпор и против „крстоносците“ и против режимот на Моамер Гадафи. 

Според некои аналитичари во Ал Каеда се води остра борба за власт меѓу „старата гарда“, предводена од Ал Завахири и помладата генерација. Шансите на Ал Завахири да застане на чело на Ал Каеда се намалија по тврдењата на некои арапски весници дека тој бил вмешан во случувањата во пакистанскиот град Аботабад, каде беше ликвидиран Бин Ладен.

ФБИ ветува награда од 25 милиони долари за информација, која би можела да доведе до апсењето на Ал Завахири. За Бин Ладен беа понудени 27 милиони, а сумата предложена за Ал Либи засега е далеку помала и изнесува еден милион долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...