Строс-Кан изведен од полициска станица во Њујорк

Њујорк, 16 мај 2011 (МИА) - Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Строс-Кан беше изведен доцна синоќа од полициска станица во Њујорк, каде беше држен од саботата.

Со лисици на рацете, 62-годишниот Строс-Кан, кој е обвинет за сексуален напад врз собарка во хотел во саботата, беше одведен со автомобил во непознат правец. Тој не рече ништо пред многубројните новинари, кои го чекаа да излезе.

Адвокатот на Строс-Кан Вилијам Тејлор претходно изјави дека неговиот клиент се согласил да се подложи уште во недела вечерта на судската експертиза на барање на обвинителството, со цел собирање докази за случајот.

Шефот на ММФ вчера се јави пред судот во Њујорк за да одговара по обвинение за сексуално насилство против собарката.

Портпарол на полицијата изјави дека Строс-Кан не се користи со дипломатскиот имунитет. Тој може да се биде осуден на 20 години затвор, доколку се прогласи за виновен.

Во меѓувреме, наводната жртва на сексуалното насилство од страна на Строс-Кан го идентификува директорот на ММФ во полициска станица во Њујорк.

Триесет и двегодишната собарка во хотелот „Софител“ во градот го идентификувала Строс-Кан меѓу неколкумина мажи. Полицијата освен тоа, собрала докази во хотелската соба на шефот на ММФ, земајќи и елементи кои содржат ДНК.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...