Секс, лаги и непокорен избор на моќните

Сексот и моќта еден за друг не се странци. Историјата е преполна со приказни за моќните и привилегираните кои паднаа заради секс скандали.

Но, да не грешиме. Ако шефот на ММФ Доминик Строс-Кан го прогласат за виновен заради обид за силување собарка во хотел во Њујорк, тој самиот ќе си направи своја лига.

Само неколкумина како Строс-Кан биле обвинети за насилно дело. Светскиот финансиер и надежта за француски претседател, во неделата во Њујорк беше обвинет за сексуален чин, незаконско задржување и обид за силување откако хотелската собарка рече дека била нападната.

- Политиката и моќта и сексуалното насилство секако дека имаат долга историја, рече Мишел Свирс, вонреден професор за владение на Универзитетот во Џорџтаун. - Сметам дека ова како обид за криминално силување спаѓа во класа од поинаква магнитуда.

Не недостасуваат моќни лидери кои паднале во немилост заради афери, проститутки и групни журки. Сексуалните индискреции на двете страни од Атлантикот ослабеа влади и закопаа политички кариери, денес и во времињата дамнешни.

Помеѓу најпознатите е скандалот „Профјумо“ од 1963, во кој британскиот секретар за одбрана беше натеран да поднесе оставка бидејќи имал афера со проститутка која била поврзана со руски шпион.

Случајот Строс-Кан отвора исти прашања кои испливуваат во секој скандал каде се судираат политиката и сексот. Дали обвинетиот ја злоупотребил моќта за да го стартува својот високоризичен темперамент, и дали моќта направила тој да се чувствува невидлив и над законот?

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони, поранешниот американски претседател Бил Кинтон, поранешниот гувернер на Њујорк Елиот Спицер или американската претседателска надеж за 2012 година, Њут Гингриџ, се само неколкумина моќници кои се соочија со ваква непријатност, иако никој од нив не одговараше за обвиненија за насилно злосторство.

- Моќта е афродизијак. Како што е добро познато, знаеме дека моќта од една смисла често се смета дека е моќ и во друга смисла, вели Џејмс Валстон, професор по италијанска политика на Американскиот универзитет во Рим. - Затоа оној кој е на чело на ММФ може да си помисли дека може да се извлече како ништо да не се случило. Берлускони секако мисли на тој начин.

Седумдесет и четиригодишниот Берлускони, столбот на италијанскиот десен центар, се соочува со четири истовремени судења за корупција, за затајување данок и, она најсензационалното, за секс со малолетна проститутка и користење на неговата позиција за да се заташка сето тоа. Обвинувањето за секс доаѓа по многугодишните озборувања за неговото сексуално однесување.

И Строс-Кан не е странец по овие прашања. Во 2008 беше испитуван од ММФ за евентуална злоупотреба на позицијата по кратката афера со економистка во Фондот која била негова подредена. Аферата беше потврдена и тој беше помилуван, но и се извини на јавноста за „сериозната грешка во просудувањето“.

Франција, како и Италија, се традиционално прилично толерантни за вонбрачните афери за разлика од САД. Вонбрачната ќерка на поранешниот претседател Франсоа Митеран дојде на неговиот погреб. Но, овојпат француските политичари и јавноста беа шокирани. Обвинувањата дојдоа „како гром од ведро небо“ рече некој од Социјалистичката партија на која и припаѓаше Строс-Кан.

Шеесет и девгодишниот Строс-Кан треба да се појави на суд подоцна оваа недела, и неговата жена, позната француска медиумска личност, рече дека „кај неа нема сомнеж дека неговата невиност ќе биде потврдена“.

Егоизам, нарцизоизам

Ретко е некој политичар да оди во затвор заради сексуален престап. Поранешниот израелски престедател Моше Кацав во март беше осуден на седум години затвор заради силување кога бил министер во владата во 90-ите. Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека ова покажува дека „никој не е над законот“.

Психолозите открија една шема кај врвните политичари: спремност да се покажат во екстремни ризици, вели Френк Фарли, психолог на Универзитетот Темпл во Филаделфија. Во случајот Строс-Кан, ако е вистински, Фарли вели дека насилството било „исклучително ризично“.

- Преземањето ризици е еден од важните состојки кај многу успешни и водечки јавни личности и политичари, вели Фарли. - Случајот Строс-Кан е токму од таков профил.

И Клинтон влегува во овој профил. Тој се појави на сцената многу скромно, се соочи со многу успони и падови на неговиот политички пат до претседателствувањето, за сеж да ризикуваше кога во Белата куќа имаше афера со службеничата Моника Левински.

Посветеноста на кариеристите може исто така да помогне

- Околу вас имате луѓе кои ви се посветени подржувачи и тие не сакаат да видат дека нешто лошо ви се случува во смисол на кариерата, па така секогаш ќе има луѓе кои ќе бидат спремни да ве покријат, вели Свирс.

Џон Едвардс, демократскиот кандидат за претседател во 2004 и 2008 година, ја компромитираше неговата ветувачка кариера со афера со жена од неговата кампања, додека неговата жена се бореше со рак. Потоа Елизабет Едвардс почина.

Едвард за тоа го обвини неговиот метеорски залет во претседателсјата политика и затемувањето кое дојде со тоа.

- Сето тоа хранење со себедоволност, егоизам, нарцисоизам, кои ве тераат да верувате дека можете да правите што сакате. Вие сте невидлив. И затоа нема да има последици, рече Едвардс за вестите на ЕјБиСи во 2008. Тој подоцна призна и дека го прифатил детето на жената со која имал афера.

- Додека чувството на сила и бестрашност и безмалку отфрлање на последиците може да ве направи силен, моќен лидер, но проблемите доаѓаат кога тие не признаваат дека се луѓе, вели Роберт Веис, основач и директор на Институтот за секусално опоравување, специјализиран за сексуални зависности.

- Ако нивниот нарцисоизам или егоизам не е поттикнат од здрава доза на покорност од тоа што значи да се биде човек... и се водат од нивниот интелект и не се потпираат на нивните емоции на било кое ниво... тогаш се совршени за проблеми, вели Веис.

newsdaily.com



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...