Доминик Строс-Кан поднесе оставка

Вашингтон, 19 мај 2011 (МИА) - Доминик Строс-Кан поднесе оставка на функцијата директор на Меѓународниот монетарен фонд. Оставката стапува на сила веднаш. Тој ги презема функциите на директор на ММФ во ноември 2007 година со мандат од пет години.

- Со чувство на бескрајна тага, принуден сум да поднесам молба до Советот на директори да бидам ослободен од функцијата извршен директор на ММФ, наведува Строс Кан.

Досегашниот шеф на Фондот категорично ги отфрла обвиненијата за сексуално малтретирање. Во писмо до Советот на директори на ММФ, Строс-Кан истакнува дека „во моментот мисли пред се за сопругата, за децата, за членовите на семејството и за пријателите“.

- Мислам и на колегите со кои во изминатите три години постигнавме големи успеси, додава тој во писмото. ,

- Категорично ги отфрлам сите подигнати обвиненија против мене. Сакам да ја заштитам таа структура на ММФ на која и служев чесно и сакам да ги посветам сите сили и енергија за докажување на мојата невиност, додава Строс-Кан.

Од ММФ соопштија дека Фондот во најскоро време ќе почне со процедура за избор на нов извршен директор. Времено таа должност ќе ја извршува Џон Липски.

Во суд во Њујорк одново се разгледува барањето на адвокатите на Строс-Кан за негово ослободување со кауција иако претходниот обид за такво нешто заврши безуспешно. Следното јавување на Строс Кан пред судот во Њујорк ќе биде во текот на утрешниот ден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...