Хотелската клуч-карта може да ја открие вистината

Нападанти од крадци кои редовно користат старовремски калауз-клучеви, хотелите во Њујорк во 1977 почнаа да користат електронски брави, најпрво во елгенарниот и мемлив хотел Алгомкин. Новите клучеви се пластични, со магнетна лента поврзана со магнетниот читач на вратата.

Така ќе се остави електронска трага, означена со времето кога вратата била отворена, затворена или оставена ширум отворена.

Најверојатно оваа технологија ќе даде информативни податоци за влегувањата и излегувањата во апартманот во хотелот „Софител“, каде 32-годишната собарка, вдовица, емигрант и мајка, се соочи со Доминик Строс-Кан, генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд.

Откако Строс-Кан беше уапсен по обвинувањата за сексуален напад, неговите сојузници се зафатени со дувања на балони во врска со судењето. Бенџамин Брафман, адвокатот на Строс-Кан, изјави дека доказите „не се доволни за насилна очигледност“ - несомнено навестувајќи дека не е евидента никаква насилност, бидејќи таква и не била потребна. Тука Брафман оди до работ, но не рече буквално дека постоел доброволен секс.

Како што Строс-Кан добро знае од неговите долги патувања, хотелите во светот ги чистат емигранти, а најголемиот број од нив се жени. Повредливоста на жените е насекаде иста, и во многу земји хотелиерите прифатија мерки на претпазливост за да ги заштитат и вработените и гостите.

На пример, ако маж гостин повика за било каква услуга, одделот за услуги во хотелот ќе прати маж домаќин.

- Често мажи ќе ја нарачаат услугата за гледање телевизиски канали за возрасни, и потоа ќе се јават за дополнителни пешкири, најверојатно надевајќи се дека ќе им испратат собарка да ги донесе, вели Петар Краус, шеф на продажба и маркетинг во „Пластикард локтек интернешенел“ од Ешвил, Северна Каролина, кој ги обезбедува хотелите со клуч-карти. - Секогаш кога ќе можат, од хотелот ќе испратат маж домаќин ако повикот дојде од маж гостин.

Вториот принцип е собарките да не работат зад затворени врати.

- Во „Софител“ стандардите велат дека или вратата да биде ширум отворена или на минимум, кога собарката е во собата, вели Краус. Ова е пракса практично во сите хотели, рече тој, и тоа може да се изведе со потпирање на вратата со количката или да се остави клуч-картата во вратата.

Полицијата изјави дека собарката во хотелот „Софител“ чукнала на вратата од апартманот на Строс-Кан, се најавила, ја употребила мастер клуч-картата за да ја отвори вратата, и клуч-картата ја оставила во читачот оставајќи ја така вратата отворена.

- Мора да имаат запис дека ја употребила клуч-картата за да влезе, вели Краус. - Мора да имаат запис дека вратата останала отворена за извесен период и потоа дека вратата била пак затворена. Системот разликува помеѓу клуч-картите на гостите и оние на собарките.

Од полицијата исто така изјавија дека собарката влегла во собата за да ја исчисти и тогаш Строс-Кан излегол гол од бањата и почнал да ја напаѓа. Кога жената се стрчала кон вратата, таа била отворена. Строс-Кан ја затворил, а тоа е чин на недоброволно задржување.

- Тие знаат во кое време собарката ја отворила вратата, ја оставила отворена, и кога некој ја затворил истата врата, рече Краус.

Строс-Кан во своја одбрана остана на ставот дека тоа што се случило било доброволно, а таа верзија ќе треба да се совпадне со немилосрдниот запис на компјутерот дека собарката ја оставила вратата ширум отворена. Тоа исто така треба да објасни како и кога таа одлучила дека со сексуалниот чин со Строс-Кан е подобар начин да го искористи времето на задоволство, отколку на менување на постелнината.

Вестите од Франција велат дека мнозинството се убедени дека Строс-Кан е парадиран со лисици на рацете со класичен трик за да биде фотографиран. Оваа пракса е несомнено некоректна кон луѓето кои се обвинети за криминално дело. Единствено нешто во Франција што може да се спореди со ова е годишниот собир во Кан.

Таму година за година, филмскиот режисер Роман Полански се качуваше по црвениот ќилим, се смееше во камерите очигледно безгрижен - и ќе продолжеше да го прави тоа - се додека француските власти не забележаа дека тој е бегалец од правдата во Лос Анџелес, каде тој прво ја дрогирал, ја силувал и на крај содомизирал 13-годишната девојка.

Паралелите се очигледни, рече во понеделникот обвинителот во случајот. Полански кој направи своја верзија на парадирање како виновен, го намали изненадувањето по кое Строс-Кан, кога ја изведуваше својата верзија под претпоставка за невиност, деновиве во Њујорк пак ќе побара ослободување со кауција.

Њујорк тајмс - Њујорк



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...