Строс-Кан пуштен од притвор со кауција

Њујорк, 20 мај 2011 (МИА) - На поранешниот извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс-Кан денеска судот во Њујорк му одобри да излезе од притвор со кауција од милион долари и за обвинувањата за обид за силување, да се брани од домашен притвор. 

Неговото движење ќе биде електронски контролирано. Дваесет и четири часа мора да има до себе вооружен чувар кој сам ќе го плаќа и со пет милиони долари ќе гарантира дека нема да ги напушти САД. Следното сослушување ќе биде на 6 јуни кога Строс-Кан и официјално ќе се изјасни за обвинувањата.

Според неговиот адвокат, тој отфрла обвинувања за криминален сексуален чин, силување, сексуално злоставување, недозволено задржување и принудно допирање, поради кои му се заканува казна затвор од 25 години. 

Строс-Кан беше уапсен во саботата на њујоршки аеродром и обвинет за сексуален напад врз собарка во хотелот Софител во Њујорк. Поради тие обвинувања, поднесе оставка на местото извршен директор на ММФ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...