По соборувањето на Гадафи работите во Либија ќе ги преземат ОН

Лондон, 16 јуни 2011 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен денеска изјави дека по соборувањето на либискиот лидер Моамер Гадафи од власта, ОН ќе мора да ја преземат улогата на предводник во определувањето на иднината на Либија, без присуството на копнени сили на Алијансата на нејзината територија, јави дописникот на МИА од Лондон.

Во интервју за лондонски „Гардијан“, Расмусен вели дека смета оти НАТО е способен „да ја истурка до крај“ својата мисија во Либија за „заштита на цивилното население и да го натера Гадафи да се тргне од власта“, но изрази незадоволство поради малиот одѕив на европските земји-членки на Алијансата во либиската операција.

Тој потсетува дека и покрај тоа што САД се повлекоа од водството на операцијата, Американците и сега имаат многу поголем придонес во операцијата од Европејците што инаку би требало да ја водат мисијата во Либија.

Реакцијата на Расмусен доаѓа по предупредувањето на американскиот државен секретар Роберт Гејтс дека Алијансата се соочува со безперспективност ако продолжи трендот на нееднаква поделба на товарот и обврските меѓу земјите-членки.

- Американците се во право кога прашуваат зашто тие мора и натаму самите да водат грижа за меѓународниот мир и за стабилноста во светот, вели Расмусен, предупредувајќи на се поголемиот диспаритет меѓу американскиот и европските воени буџети.

Нееднаквото вложување во одбраната и намалувањето на трошењето за воени цели може да предизвика во блиска иднина САД и сојузниците во НАТО да не можат да војуваат едни покрај други, додава Расмусен.

Тој потсетува дека пред десет години Американците во НАТО учествуваа со половина од средствата за опрема и вооружување, а сега нивното учество е зголемено на 75 отсто, додека на сите другите се сведува на само една четвртина од трошоците.

На подолг рок, ова би можело да предизвика ослабнување на Алијансата, вели за „Гардијан“ генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...