Стравот од Ал Каида се уште не исчезна

Вашингтон, 9 септември 2011 (МИА) - Терористичките напади во Њујорк и Вашингтон од 11 септември 2001 година внесоа несигурност во секојдневниот живот на Американците, која се уште не е исчезната, смета стручниот советник за дипломати од висок ранг во американскиот Стејт Департмент, Џон Ситилидис.

Според него, по терористичките напади од пред десет години САД извршија фундаментална преориентација на планот на својата безбедносна и одбранбена политика и ги преиспитаа дипломатските односи со оние земји за кои се сметаше дека им пружаат заштита на терористите или ги спонзорираат.

- Тоа и натаму ќе биде ѕвезда водилка во нашата надворешна политика, иако не во толкава мерка, бидејќи имаше и грешки по 11 септември кога САД изгледаа скаменети пред заканата од исламскиот тероризам и го тргнаа погледот од другите прашања, нагласува Ситилидис.

Тој проценува дека кога станува збор за надворешната политика, наместо да се насочи на едно или две наметнати прашања, Стејт Департментот во својот фокус ќе мора да ги вклучи и промените што настанаа во последните години, како што е прераснувањето на Кина од глобална економска во политичка сила, промената на позициите на земјите со забрзан економски развој како што се Бразил и Индија, како и неопходноста за обезбедување на меѓународна мрежа во снабдување со енергенси.

Ситилидис оценува дека во изминатите години САД имале поагресивна улога во надворешната политика, но за поголемиот број Американци немаше поголеми промени и начинот на кој уживаат во своите граѓански слободи.

- Сепак верувам дека дојде до длабока промена во начинот на кој обичните Американци гледаат на положбата на нивната земја во светот, сфаќајќи дека САД повеќе не се имуни на физички закани, како што се сметаше дотогаш поради оддалеченоста на САД од другите континенти, како и поседување на нуклеарна сила за заштита, нагласува Ситилидис.

Тој потенцира дека ваквото чувство на сигурност сега е поткопано и денес во секојдневниот живот на Американците постојат елементи на несигурност кои беа незамисливи пред десет години.

- Стравот кој е поттикнат со нападите од 11 септември уште некое време нема да исчезне, бидејќи Американците сфатија дека исламските терористи нема да се откажат од настојувањето на да ги нападнат САД, било на начинот како пред десет години, било во помал обем, истакнува Ситилидис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...