Стејнман останува добитник на Нобелова награда

Стокхолм, 4 октомври 2011 (МИА) - Нобеловиот комитет денеска соопшти дека нема да ја промени одлуката за доделување на наградата за медицина или физиологија на канадскиот научник Ралф Стејнман, иако тој починал три дена пред објавувањето на добитникот, а парите од наградата ќе бидат дадени на неговото семејство.

Стејнман заедно со генетичарот Брус Бојтлер и францускиот биолог Жил Офман ја добија Нобеловата награда, вредна 1,5 милиони долари за истражување на имунолошкиот систем.

Според правилата одредени во 1974 година, Нобеловата награда не може да биде доделена постхумно, освен доколку лауератот не почине по објавувањето на добитникот.

Стејнман почина на 30. септември, но членовите на комитетот не знаеле за неговата смрт во моментот на одлучување на добитникот на наградата.

- Ситуацијата која настана е единствена и колку што сме запознаени тоа се нема случено во историјата на доделувањето на Нобеловата награда, се наведува во соопштението на комитетот.

Портпаролката на комитетот Аника Понтикс изјави дека парите ќе бидат префрлени на неговата сметка и дека семејството ќе одлучи што ќе направи со истите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...