Потврдена смртта на Камис Гадафи

Телевизиската станица “Араи“ со седиште во Сирија, која го поддржува симнатиот либиски лидер Моамер Гадафи, потврди дека неговиот син Камис е убиен на 29 август, југоисточно од главниот град Триполи.

Воени функционери на Преодниот национален совет во август објавија дека Камис е убиен во Тархун и закопан во Бани Валид, но тоа до сега го немаа потврдено извори блиски до Гадафи.

“Араи“ објави дека во борби со силите на Советот во градот Тархун, оддалечен 90 километри од Триполи, се убиени Камис Гадафи, кој командувал со елитната воена бригада и Абдулах Сенуси кој бил шеф на разузнавачката агенција.

Телевизијата, која емитуваше говорни пораки на Гадафи и на неговиот портпарол откако бунтовничките сили го зазедоа Триполи, објави фотографии од Камис и Сенуси пропратено со читање стихови од Куранот, што е традиционален начин на оплакување на починатите.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг во август, освен за Гадафи и неговиот син Саиф ал Ислам одобри налог за апсење и за Абдулах Сенуси заради злосторства против човештвото. Тогаш се споменуваше можноста на листата на најбарани злосторници да се најде уште еден син на Гадафи, Камис, чија бригада е осомничена за убиство на десетици заробеници во Триполи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...