Гадафи да биде убиен

Триполи, 18 октомври 2011 (МИА) - Државниот секретар на САД Хилари Клинтон невообичаено нетактички денеска во Триполи изјави дека САД сакаат соборениот либиски лидер Моамер Гадафи да биде убиен или брзо заробен, пренесоа американските медиуми.

Досега САД избегнуваа да споменуваат дека Гадафи треба да биде убиен.

Американските политичари вообичаено изјавуваа дека сакаат да го видат изведен пред правдата, а нешто слично и Хилари Клинтон денеска повтори за време на ненајавената посета на либиската престолнина.

Соборениот либиски диктатор во моментов се крие.

Претходно денеска, во интервју за саудиски весник, привремениот премиер на Либија Махмуд Џибрил изјави дека Гадафи најверојатно се подготвува да ја поврати власта со помош на туарезите, кои го населуваат северен Нигер, јужна Либија, јужен Алжир и Мали.

Според Џибрил, Гадафи има две можности : или да се обиде да ја дестабилизира новата управа во Либија или да прогласи сепаратистичка држава во јужна Либија, која може да ја нарече како сака: „Туарезија“, „Велика Африка“ или на друг начин.

Според привремениот либиски премиер, Гадафи нема да се смири се додека не направи нешто, бидејќи никогаш нема да го признае својот пораз.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...