Во близина на Сирт уапсен Муамер Гадафи кој е тешко ранет!

Поранешниот либиски лидер Муамар Гадафи е упасен денеска во градот Сирт. Од Преодниот Национален совет на Либија соопштуваат дека Гадафи бил тешко ранет во акцијата на апсењето.

- Тој е фатен. Гадафи е тешко ранет, но е сеуште жив, изјави Мохамед Леит, претставник на новите либиски власти.

Либиската преодна власт денеска го зазеде Сирт, последното упориште на силите лојални на Гадафи. ББЦ јави дека ситуацијата е многу сложена. Последниот напад бил утрово и траел 90 минути. Војската на Гадафи го држеше градот под контрола со недели откако нивниот лидер го напушти Триполи.

Преодната власт рече дека новата влада ќе биде формирана за месец, а моменталната администрација ќе поднесе оставка.

Вршителот на должност премиер на Либија вчера изјави дека соборениот лидер Моамер Гадафи се обидува да собере борци од другите африкански земји и оти се подготвува за бунт со цел да ја врати власта во земјата.



- Има информации дека 68 автомобили со најмалку осум војници во секој од нив ја преминале либиската граница со Мали и дека Гадафи се крие во јужната пустина, изјави во Триполи Махмуд Џибрил.

Тој истакна дека Гадафи склучил договор со племето Хамад, што талка на границите меѓу Чад, Судан и Либија да му обезбедат 12.000 војници, кои ќе влезат на територијата на Либија и ќе започнат борба против новите власти.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...