Официјално потврдено - Моамер Гадафи е убиен

Бенгази, 20 октомври 2011 (МИА) - Соборениот  либиски лидер Моамер Гадафи е убиен денеска во реонот на неговиот роден град Сирт, соопшти портпаролот на либискиот Преоден национален совет, Абдул Хафиз Гога.

- Му објавуваме на светот дека Гадафи е убиен. Ова е историски момент. Ова е крај на тиранијата и диктатурата. Гадафи си го доби заслуженото, потенцира Гога.

Телевизиите Ал Џазира и Ал Арабија објавија фотографија на која се гледа маж што личи на Гадафи кому дел од лицето му е облеано со крв, со напомена дека нејзините автори тврдат оти станува збор за безживотното тело на поранешниот либиски лидер, не дека можат да ја потврдат автеничност на снимката.

Британската телевизија Скај јави дека Гадафи починал на пат кон болницата во Мисрата, подлегнувајќи им на повредите здобиени за време на неговото денешно апсење во близината на Сирт.

Претходно, командантот на ПНС Абдел Маџид соопшти дека поранешниот либиски лидер бил заробен утрово при обидот да побегне од Сирт. Првично, Маџид информира дека Гадафи имал повреди на двете нозе, но подоцна соопшти дека е ранет и во главата.

Според телевизијата Ал Џазира, Гадафи бил фатен во реонот на Сирт, во колона од возила која го напуштала градот и била нападната од авиони на НАТО. Алијансата од своја страна потврди дека нејзини авиони утрово нападнале колона возила кај Сирт.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека засега не може да ги потврди информациите за заробувањето или смртта на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи.

Портпаролот на Стејт департментот, Викторија Нуланд изјави дека америкамската Администрација и Пентагон ги проверуваат информациите дека Гадафи им подлегнал на повреди здобиени за време на неговото денешно апсење во близината на Сирт.

НАТО исто така соопшти дека неможе да ја потврди веста за смртта на Гадафи.

Телевизијата Ал Либија, која е блиска до Гадафи, ги демантираше ваквите информации, нагласувајќи дека тој е во добра здравствена состојба.

- Тоа се само гласини. Ова не е прв пат новите либиски власти да пласираат вакви дезинформации, тврди телевизијата, додавајќи дека целта на ваквите тврдења е да се поткопа духот на силите лојални на Гадафи.

Новите либиски власти претходно во неколку наврати објавуваа дека уапсиле некои од синовите на Гадафи, но подоцна се покажуваше дека таквите информации се неточни.

Либиската телевизија „Слободна Либија“ тврди дека заедно со Гадафи денеска биле заробени и неговиот син Мутасим, поранешниот шеф на силите за безбедност Мансур Дау, шефот на либиското разузнавање Абдула Сануси, и портпаролот на Гадафи, Муса Ибрахим.

За време на нападот врз колоната возила во која бил Гадафи е убиен министерот за одбрана на поранешниот режим Абу Бакр Јунис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...