Моамер Гадафи - полковникот кој сакаше да го викаат крал

Сирт, 20 октомври 2011 (МИА) - Преодниот национален совет на Либија потврди дека поранешниот лидер на оваа земја полковникот Моамер Гадафи им подлегна на повредите здобиени за време на денешното апсење во близина на Сирт, додека медиумите лојални на Гадафи оваа вест ја демантираа.

Седумдесет годишниот Моамер Мухамед Абу Миниар ал-Гадафи, познат како полковникот Гадафи, беше на власт повеќе од 42 години.

Пред неговото соборување од власта тој беше четврти претседател во светот по времетраење на таа функција, од 1900 година, а прв во арапскиот свет. За себе тој зборуваше дека е „брат на лидерите“, „лидер на револуцијата“, и „крал на кралевите“, а во светот е познат единствено како „полковникот“.

Откако ја освои власта во 1969 година, Гадафи го укина уставот на Либија од 1951 и носеше закони засновани на политичка идеологија која тој ја формулирал како Трета меѓународна теорија и ја објави во „Зелената книга“.

„Полковникот“ започна неколку војни и беше обвинуван дека неговиот режим ја освоил технологијата за правење хемиско оружје. Тој, исто така, ја снабдувал со оружје и Ирската републиканска армија (ИРА).

Обединетите нации долго време ја третираа Либија под водството на Гадафи како „држава партија“ и во текот на 80-тите години воведоа меѓународни санкции за режимот во Триполи.

Гадафи, шест дена откако трупите на САД во 2004 година го заробија ирачкиот диктатор Садам Хусеин, се откажа од оружјето за масовно уништување кое го поседуваше Либија и ги повика меѓународните инспектори да потврдат дали тој го одржал својот збор.

Либија мината година имаше највисок бруто домашен производ во Африка, индекс на образование и индекс на човеков развој, како и најдобри показатели за здравствената заштита на Континентот.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг на 28 јуни оваа година издаде налог за апсење на Гадафи, неговиот син Саиф ал-Ислам и зетот Абдулах ал-Сеуси, обвинувајќи ги за извршени злосторства против човештвото.

Се до денеска приврзаниците на Гадафи го контролираа неговото родно место Сирт и делови од Либија, а до последен момент не беше познато местото каде поранешниот шеф на државата се наоѓа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...