Убиството на Гадафи е срамота

Каракас, 21 октомври 2011 (МИА) - Претседателот на Венецуела Уго Чавез изрази бес поради смртта на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, оценувајќи го неговото убиство - срамота.

- За жал смртта на Гадафи е потврдена. Тие го убија. Тоа е уште една срамота, истакна Чавес, по враќањето од Куба, каде се лекува.

Тој наведе дека цел живот ќе се сеќава на Гадафи како на голем борец, револуционер и маченик.

- Најтажна работа е што во својата желба за доминација со светот, империјата (САД) и нејзините сојузници палат оган, посочи Чавес.

Венецуелскиот претседател од почетокот на немирите и протестите застана на страната на Гадафи и ја обвинуваше Северноатлатската алијанса дека ги користи судирите во Либија за преземање на контролата над либиската нафта.

Чавес одби да ја признае новата либиска власт, а новиот либиски претставник во Обединетите нации го нарече марионета и статист.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...