ОН побараа истрага за смртта на Гадафи

Женева, 21 октомври 2011 (МИА) - Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права денеска побара спроведување целосна истрага за смртта на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи.

- Не е сосема јасно како тој починал. Потребна е истрага, изјави во Женева портпаролот на Канцеларијата, Руперт Колвил, додавјќи дека се „доста збунувачки“ аматерските видео снимки објавени во јавноста, кои прво покажуваа дека заробениот Гадафи е жив, а потоа дека е мртов.

Тој најави дека експертскиот тим на ОН што ги истражува злосторствата извршени во Либија, најверојатно ќе ја испита смртта на Гадафи, по што може да предложи спроведување меѓународна или национална истрага за целиот случај.

Според Колвил, жртвите на „42-годишното деспотско владеење“ на Гадафи заслужуваат да видат судски процеси против лицата одговорни за кршење на човековите права.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...