Колку пари изнесол Гадафи од Либија

Лос Анџелес, 22 октомври 2011 (МИА) - Убиениот либиски лидер Моамер Гадафи тајно изнесол од Либија и во странство инвестирал повеќе од 200 милијарди долари, што е двапати повеќе отколку што претходно проценувале западните земји, пишува весникот „Лос Анџелес тајмс“.

Повикувајќи се на анонимни високи либиски претставници, весникот објави дека американската администрација била изненадена кога пролетта открила дека либискиот режим има 37 милијарди долари на сметки и инвестиции во САД. Веднаш потоа овие средства биле замрзнати, за Гадафи и неговите соработници да не можат да ги користат.

Владите на Франција, Италија, Англија и Германија досега преземале контрола над уште околу 30 милијарди долари кои дошле од Либија.

Претходно, истражните органи проценија дека Гадафи во странство изнесол уште околу 30 милијарди долари, што вкупно изнесува околу 100 милијарди долари, наведува американскиот весник.

„Лос Анџелес тајмс“ пишува дека дополнителните истраги на американските, европските и либиските експерти откриле дека поранешниот либиски лидер долги години тајно испраќал во странство уште десетици милијарди долари и поволно инвестирал во речиси секоја поголема држава, вклучувајќи добар дел и од земјите на Блискиот Исток и Југоисточна Азија.

Добар дел од овие пари ги вложиле институциите на либиската влада, како што се Централната банка на Либија, Либиската инвестициска управа, Либиската странска банка, Либиската национална нафтена корпорација, Либиската агенција за инвестиции во Африка.

Според истражувачите, Гадафи и членовите на неговото семејство имале пристап до сите тие финансиски средства и можеле да ги повлекуваат кога сакаат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...