Мoамeр Гадафи погребан на тајна локација

Мисрата, 25 октомври 2011 (МИА) - Поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи денеска пред изгрејсонце беше погребан на тајно место во либиската пустина, соопшти портпаролот на Преодниот национален совет на Либија, Ибрахим Бејталмал.

Тој нагласи дека заедно со Гадафи биле погребани и неговиот син Мутасим и поранешниот либиски министер за одбрана Абу Бакр Јунис.

Според Бејталмал, на погребната церемонија на која исламски духовници прочитале молитви, присуствувале роднини на починатите и претставници на либиските власти.

- На меѓународните организации кои ќе сакаат да ги видат гробовите ќе им биде дозволено да дојдат до нив, рече Бејталмал.

Телата на Гадафи, на неговиот син и на Јунис, кои беа убиени во четвртокот, неколку дена стоеја во еден ладилник во Мисрата.

Либиските власти претходно најавија дека Гадафи ќе бидат погребан на тајно место со цел „да се избегнат акти на вандализам или претворање на гробот во место на поклонение“ на приврзаниците на соборениот либиски лидер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...