Што барал Гадафи од Берлускони

Париз, 25 октомври 2011 (МИА) - Поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи на 5 август му напишал писмо на својот некогашен пријател, италијанскиот премиер Силвио Берлускони, во кое го моли да го запре бомбардирањето на НАТО, во кое гинат Либијците и нивните деца, пишува весникот „Пари мач“.

Во писмото Гадафи признава дека е изненаден од однесување на Белускони, со кој склучил договор за пријателство, кој е во интерес на Италијанците и Либијците.

- Драг Силвио, очекувам од тебе сепак да се заинтересираш за фактите и да се обидеш да посредуваш, пред да ја поддржиш таа војна, вели Гадафи.

- Не ти забележувам за нешто, за што не си одговорен, бидејќи добро знам дека не го поддржуваш тоа злодело, кое не ти користи ниту на тебе, ниту на италијанскиот народ, нагласи поранешниот либиски лидер.

- Верувам дека се уште имаш можност да се вратиш назад и во преден план да ги ставиш интересите на нашите народи, му порачал Гадафи на Берлускони.

Во писмото Гадафи го повикува Берлускони да ги запре бомбардирањата, со кои се убиваат цивили во Либија.

- Зборувај со твоите пријатели и со вашите сојузници да ја спречат таа агресија врз мојата земја. Се надевам дека семоќниот Бог ќе те води на патот на правдата, напишал Гадафи.

Писмото им било предадено на италијанските власти на почетокот на август од двајца Италијанци, пријатели на Гадафи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...