Како Гадафи ги помина последните денови

Мисрата, 25 октомври 2011 (МИА) - Поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи последните денови ги помина криејќи се во засолништа во Сирт. Тој беше во расположение од очај до бес, изјави поранешниот шеф на неговото лично обезбедување Мансур Дао.

Тој наведе дека Гадафи, неговиот син Мутасин и околу дваесетина најлојални следбеници, последните денови речиси биле отсечени од светот бидејќи се криеле во напуштени куќи без телевизија, телефон и електрична енергија,

Ги менувале засолништата на секои четири дена, а за осветлување користеле свеќи.

- Беше под стрес, понекогаш беше лут, а понекогаш ќе збеснеше. Сепак, воглавно беше само тажен или лут, наведе Дао, кој во моментот е во притвор.

Дао посочува дека Гадафи времето го поминувал читајќи, пишувајќи или варејќи чај. последните денови од опсадата на Сирт се соочиле и со недостиг на храна.

- Тој не водеше борба, тоа го правеа неговите синови, посочи Дао.

Гадафи е убиен во четвртокот во родниот град Сирт, под се уште неразјаснети околности, последниот бастион на неговиот режим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...