Не ни треба атомска бомба за да им се спротивстави на САД

Техеран, 8 ноември 2011 (МИА) - На Иран „не му треба атомска бомба“ за да им се спротивстави на САД, а Техеран повеќе сака да се користи со ум за да ги отстрани заканите од Вашингтон, изјави денеска иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

- Доколку Америка сака да се конфронтира со иранската држава, тогаш сигурно ќе зажали поради одговорот на Иран, истакна Ахмадинеџад за државните медиуми, предупредувајќи дека неговата земја нема да прифати било кое обвинување на сметка на својата нуклеарна програма.

- Историјата покажала дека секој што дејствувал против иранскиот народ, зажалил поради тоа, нагласи иранскиот претседател.

Коментарот на Ахмадинеџад доаѓа пред објавувањето на извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), за кој дипломатите сметаат дека ќе изнесе докази за многу можна „воена димензија“ на иранската нуклеарна програма.

Иранскиот претседател нагласи дека е „целосна дрскост“ што САД го обвинуваат Иран дека настојува да развие нуклеарно оружје кога веќе поседува илјадници парчиња сопствено.

- Ако мислите дека притискајќи ја иранската нација можете да ја смените ситуацијата во светот, тогаш многу се лажете. Велат дека Иран настојува да произведе атомска бомба. Но тие треба да знаат дека нам не ни треба бомба. Ние пред се ќе постапиме внимателно и логички, објасни Ахмадинеџад.

Тој, исто така, истакна дека шефот на МААЕ Јукио Амано е американска марионета, „бидејќи не ги објавува извештаите за американските и нуклеарните арсенали на нивните сојузници“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...